Хабиб Нурмагомедов фаворит на средбите со Тони Фергусон и Конор Мек Грегор

Хабиб Нурмагомедов ја освои титулата во лесна категорија и заседна на тронот како крал на дивизијата. Сепак, предизикувачите го демнат, а според УФЦ, Конор Мек Грегор е број еден кандидат и најверојатно ќе ја добие шансата да се бори против Дагестанецот.

Кандидат број 2, сепак е поранешниот привремен шампион Тони Фергусон кој пред неколку дена се оперира и ќе биде аут најверојатно до крајот на годината, што го прави Мек Грегор задолжителен противник. Ако се има во предвид изјавата на Дана Вајт дека повеќе не сака да го организира мечот Хабиб – Тони, бидејќи 4 пати борбата не успеа, тоа уште повеќе ги зголемува шансите да се сретне со Конор.

Букмејкерите веќе ги објавија коефицинетите за можната битка меѓу Хабиб, Мек Грегор и Фергусон и го избраа Орелот како фаворит:

Хабиб Нурмагомедов -165 (1.61)
Конор Мекгрегор +135 (2,35)

Хабиб Нурмагомедов -200 (1.5)
Тони Фергусон +165 (2,65)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО