Хабиб Нурмагомедов изјави дека бил повеќе мотивиран за неговата борба со Тони Фергусон отколку во последните четири меча.
Неговите противници на последните четири натпревари беа Дастин Поирер, Конор Мек Грегор, Ал Јакинта и Едсон Барбоза. Сите овие борци се многу талентирани, но за Нурмагомедов неговиот следен противник е најголемиот предизвик.
„Тренирам повеќе за овој меч, бидејќи Тони е вреден противник. Многу добар и многу опасен противник.
Искрено, во последните 4 борби ми недостасуваше мотивација. Тие не се на ниво на Фергусон. Затоа повторно во мене гори оган“, изјави Хабиб во интервју во Дагестан.
Нурмагомедов и Фергусон се ќе се сретнат на 18 април 2020 година. Тие четири пати не беа во можност да се сретнат во октагонот од различни причини, па затоа оваа битка се очекува со голем интерес.