Топ предизвикувач на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов пропушти толку многу борбо, што дури и неговите сонародници му се лути.
Тоа е така според борец на УФЦ во перо категорија, Артем Лобов, кој смета дека широкото влијание на Ноториус е доволно за да го засени секој борец во секоја земја.
Еве што рече Лобов за ММА фајт:
„Искрено да ви кажам, ми се чини дека Хабиб е толку популарен во Русија благодарение на Конор Мек Грегор. Како што реков, Конор е човекот кој направи MMA да биде жешка тема во Русија. Се повеќе Руси почнаа да гледаат УФЦ, кога се појави Конор. Многу луѓе во Русија не се задоволни од тоа како Хабиб ги пропушта важните битки. Од негова страна, тоа не е многу машка постапка. Кога ќе видат борец, кој постојано се повлекува од борбите, тоа е нешто што луѓето не го сакаат. Тогаш ќе погледнат во човек како Конор, кој секогаш се појавува и го прави она што го кажува. Тоа навистина кореспондира со руската јавност“.
Нурмагомедов се обидуваше да обезбеди меч со Мек Грегор кон крајот на оваа година или почетокот на следната, но Орелот продолжува да се бори со повредите и здравствените проблеми кои не му дозволуваат да дојде до борба за титулата.
Што се однесува до Ноториус, погледите му се насочени спрема поголеми работи, како претстојната суперборбата со Мејведер овој викенд во Лас Вегас.