Хабиб Нурмагомедов: Дана не ми дозволи да го омаловажам Конор Мек Грегор

Откако дозна за повредата на Тони Фергусон, Хабиб Нурмагомедов веднаш побара од УФЦ да се бори со шампионот Конор Мек Грегор.

Но, Дана Вајт поинаку размислува.

„Им кажав на лужето од УФЦ, дајте ми го „Кралот на бургерите“, каде е тој? Сакам да се борам со него, затоа што веројатно бил во подготвителен режим. Сега каде е тој?

Дана ми рече дека треба тој добро да изгледа за медиумите, бидејќи има добри договори со спонзорите. Нема како да ми дозволат да го омаловажам. Откако ми откажаа, тогаш ги замолив да ми даде битка за титулата, без разлика кој е противникот. Мислев дека ќе се борам со Пориер, Алварез, Киеза, Фелдер, Петис, Јакинта, но тие ми го понудија Холовеј. Се согласив да се борам против него, бидејќи ќе биде за титулата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON