Хабиб Нурмагомедов бил нокаутиран за време на спаринг?

Интересни, но непотврдени информации се појавија синоќа.

Според „веродостојни извори“ од САД, шампионот на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов бил нокаутиран за време на еден од неговите тренинзи неколку дена пред да се врати во Русија.

„Орелот“ замина за својата татковина на крајот од март, каде што требаше да го заврши тренинг-кампот за УФЦ 249. На шампионот не му беше дозволено да лета назад во САД, а тоа наложи негово отстранување од настанот, кој подоцна беше откажан.

Но, според веб-страницата MiddleEasy, Дагестанецот биле патосиран за време на спаринг, информацијата е споделена од сигурни извори. Ако постои доза на вистина во овие обвинувања, најверојатно инцидентот се случил на Американската академија за кикбокс, каде што Хабиб тренира под раководство на Хавиер Мендез.

Пред неколку дена неговиот ментор зборуваше со поддршка за Нурмагомедов, кој беше обвинет дека намерно си заминал за Русија за време на пандемијата на коронавирусот.

„Тој не избра да не се натпреварува“, рече тренерот.

„Само што се врати дома да го заврши тренинг- кампот и чекаше да биде известе за локацијата. Тие не успеаја да му го дадат тоа, а тој не доби дозвола да лета“, додаде Мендез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON