Хабиб: Не сум виновен, нека ми ги земат парите и нека ме суспендираат 10 години – не одам на судење!

Хабиб Нурмагомедов стави на знеење дека нема да оди на сослушување пред Атлестаката комисија на Ненвада за инциденот што го направи Деагестанецот по борбата со Конор Мек Грегор на УФЦ 229 кога го „загуши“ Ирецот.

Досега Спортската комисија во Невада, иако од борбата помина скоро еден месец,  не ја донела конечната одлука, освен што му исплати половина од договорената сума (еден милион долари) на Хабиб.

На актуелниот шампион во лесна категорија му здосади одолговлекувањето и од Турција, каде што е во посета по покана на претседателот Реџеп Таип Ердоган, ја коментираше целата ситуација.

„Тие веќе имаа состанок и ништо не одлучија. Скаат да одам на следно сослушување, но сметам дека не сум виновен. Јас само го завршив она што беше започнато пред борбата. Не сум виновен и тие нека му судат на виновникот, не на мене. Ја бранев својата чест, семејство и религија. Нема да одам на судење во Лас Вегас, ако сакаат и нека му ги земат сите пари кои ги заработив, па и нека ме суспендираат на 10 години. Борбата ја завршив според правилата, а потоа го завршив започнатото. Никогаш нема да одам таму, нека прават што сакаат“, изјави Хабиб.

Нурмагомедов проговори и за можната борба со Флојд Мејведер.

„Доколку дојде до такво нешто, ќе има две борви. Една по боксерски правила, а втората според ММА правила“, откри Дагестанецот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON