Хабиб: Не Мек Грегор, туку Фергусон заслужува борба за титулата

Хабиб Нурмагомедов ќе го брани шампионскиот појас на УФЦ во лесна категорија против Дастин Поиер во главната борба на УФЦ 242 во Абу Даби на 7 септември.

Иако целото внимание на шампионот му го одзедма 30-годишниот Американец, две имиња се уште се вртат во етерот кога се зборува за Нурмагомедов. Конор Мек Грегор и Тони Фергусон ќе останат поврзани со дагестанскиот орел без разлика што ќе се случи на 7 септември. Тони го доби дванаесетиот меч во низа на УФЦ 238 минатиот викенд, а Конор, кој иако не е победил во ММА дуел со години, се уште сака шанса да ја поправи грешката од УФЦ 229.

Според Нурмагомедов, едно од овие имиња има право да очекува судир за титулата. Што се однесува за другото, не разбира зошто луѓето продолжуваат да зборуваат за него.

„Во последните три години тој има само една победа и е вклучен во аматерскиот бокс. Зошто да заслужи реванш?“, праша Хабиб во врска со Мек Грегор на прес-конференцијата пред УФЦ 242.

„Тој се предаде. Ме молеше: „Те молам, не ме убивај. Сега зборува за реванш?“

Хабиб Нурмагомедов го победи повеќе од убедливо Конор Мек Грегор со сабмишн минатиот октомври на УФЦ 229. Сепак, тој сè уште не е одмерил силите со Тони Фергусон, кој со години е страв и трепет во лесна категорија, заедно со Нурмагомедов.

„Сега е ред на Тони Фергусон. Луѓето кои имаат серија на победи треба да претендираат за титулата, но не и оној кој во последните три години не освоил ништо. Сега размислувам само за 7 септември“, рече Хибиб.

https://www.youtube.com/watch?v=X9kIppzntnY
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON