Хабиб Нурмагомедов остана неприкосновен и непоразен шампион откако во Абу Даби го совлада привремениот шампион Дастин Пориер. Во моментов, „Орелот“ е една од најголемите sвезди на организацијата и сите имаат за цел да ја урнат неговата статистика на непоразен, а тоа е прилика секој што ќе го победи да стане легенда и со златни букви да се запише во историјата на овој спорт.
Конор Мек Грегор и Тони Фергусон сакаат да се борат со непобедливиот Дагестанец, но тој не сака да се бори против нив. Желбата на неоспорниот шампион е да се бори со легендарниот Жорж Сент Пјер.
На ова тема зборуваше неговиот менаџер Али Аблде Азиз за ТМЗ.
„Да, Хабиб е 28-0 и 28 борци се обидоа да го поразат, но не успеаја. Никој не го интересира она што го зборува Тони Фергусон. Знам дека Жорж Сент Пјер е следен за Хабиб, а не за Фергусон. Ова е она што го сакам. Тони нема да го добие она што го сака, затоа што тоа што е најважно е она што го сака Хабиб.
Ако Хабиб се јави и рече дека сака го ЖСП, тогаш Жорж е следниот. Жорж и јас сме пријатели 10 години и знам дека сака борба со Хабиб. Тони има победено неколку борци, но никогаш не бил шампион. Хабиб сака да се бори едно по друго и битката со Жорж Сент Пјер е огромна.
Дана Вајт е бизнисмен и затоа е најголемиот промотор на сите времиња. Луѓето ќе бидат повеќе заинтересирани за битката помеѓу Хабиб и ЖСП. Ова е меч што ќе го одреди најдобриот на сите времиња. Луѓето велат дека Сент Пјер нема да велзе во категоријата, но вистината е дека тој е полесен од Хабиб.
Жорж обично тежи 84,36 килограми, а Кабиб е 86,18 килограми. На 100 отсто тој ќе може да влезе волесна категорија. Да, борбата меѓу нив би можела да се одржи во Канада оваа година. Мек Грегор е како поранешна девојка која не може да си најде ново момче. Видовте што рече Гаетје за него. Кој се грижи за Мек Грегор?
Веќе му го сритавме газот и немаме интерес да се бориме. Тој промовира грди работи, а ние сме муслимани и го промовираме мирот. Не сакаме повторно да поминеме низ глупостите на Мек Грегор. Има точно 0,00% шанси за борба со Мек Грегор. Никогаш нема да има втора борба меѓу нив“, порача Абдел Азиз.