Хабиб се заканува со тешка повреда: Ќе поминеш како Минотауро против Мир

Mir i Nogueira

Ако се оди според планот, на УФЦ 209, конечно ќе может да го гледаме дуелот Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон. Сопствениците импресивните победнички серии треба да ги вкрстат ракавиците на 4 март во борбата за привремениот појас во лесна категорија.

Она што можевме да го забележиме во последните неколку недели е дека двајцата борци овој пат одлучиле малку повеќе да го тестираат својот „безобразен говор“, а последниот вербален удар го зададе Нурмагомедов со една сериозна закана.

„Тој се разликува од моите претходни противници. Би сакал да му го разбијам лицето, затоа што сакам да го научат на почитување. Кога се борев со Мајкл Џонсон и кога му ја фатив раката во кимура, можев да му ја скршам, но бев претпазлив, бидејќи не сакав да го повредам. Ми беше јасно дека таа борба е завршена, па одев полека и тој тапкаше. Но ако Тони Фергусон ми ја даде неговата рака, ќе ја скршам како Френк Мир на Ножеира“, се закани Хабиб на својот иден противник во разговори за Фокс спорт.

 И покрај заканите, Нурмагомедов признава дека Фергусон е добар борец, но, исто така, укажува на тоа дека тој никогаш не се сретнал со некој како него.

„Да, тој е импресивен борец. Се бори цело време и УФЦ го наградува со бонуси за изведба на вечерта, но тој никогаш не се сретнал со некој како мене. Постојано се бореше со удирачи како Дош Ањош, Џош Томпсон и Едсон Барбоза. Јас сум сосема поинаков борец и тој мора да биде подготвен, бидејќи имам намера да го направам она што секогаш го правам. На него му се потребни промени. Мора да работи на одбрана од уривање, на станувањето по истите и на одбраната од „граунд енд паунд“. Ако не го направи тоа, ќе му скршам лицето и може да го завршам со кимура и да му ја скршам раката“.

Нурмагомедов во истиот разговор изнесе и сосема јасен план за остатокот од годината.

„Ќе го земам овој појас, потоа ќе се борам со Конор. Ќе ги завршам и двајцата, со 26-0, 10-0 во УФЦ и ќе бидам непоразен шампион. Тоа е лудо, но јас можам да го направи тоа“.”

За крајот мало потсетување на борбата на Френк Мир и Антонио Родриго Ножеира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON