хабиб му предложил на Гејџи да се бори со Мек Грегор

Хабиб Нурмагомедов му понуди на Џастин Гејџи да се бори со Конор Мек Грегор, но Гејџ одби, изјави менаџерот  на Хабиб и Гејџи, Али Абделазиз.

УФЦ сака меч меѓу Хабиб и Гејџи за обединување на титулите во лесна категорија. За жал, таткото на Хабиб, Абдулманап, почина на почетокот од овој месец и не е извесно што ќе се случи со неоспорниот шампион.

Дана Вајт не сака врши притисок врз неговиот шампион и нема да му пречи да се врати во спортот. Абделазиз е непоколеблив дека Хабиб ќе се врати оваа година, но тоа не е баш сигурно откако Хабиб му понуди на Гејџи борба против Мек Грегор.

„Хабиб ми рече да му понудам на Џастин Гејџи борба со Конор Мек Грегор. Гејџи одби. Сега, Мек Грегор може да биде резерва, да изгуби тежина и да заработи пари.

Конор може да се бори со Нејт Дијаз или Масвидал. Сега немаме интерес да се бориме против него. Тој треба да се бори со добри борци и да забележи победи. Хабиб ќе се бори против Мек Грегор, но само ако Конор се бори против Махачев“, изјави Абделазиз за ТМЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON