Лук Рокхолд се враќа во октагонот по тригодишна пауза. Американскиот борец се подготвува за пресметка против Бразилецот Пауло Коста, а нивниот меч е договорен за настанот УФЦ 278 на 20 август.
Рокхолд почна да тренира, а во овој дел од подготовките му помага поранешниот шампион на УФЦ Хабиб Нурмагомедов.
Непоразениот Дагестанец се уште е во одлична форма доказ за тоа е видеото во кое Хабиб доминира против Лук во граплинг.
Најпрвин Нурмагомедов цврсто го држи Рокхолд на грбот, кој неуспешно се обидува се да се ослободи, а во продолжение на видеото Хабиб го брка Лук и повторно го соборува.
„Не опуштај се премногу“, рече Рокхолд, а Хабиб одговори.
„Брат ми недостигаш, па сега те гушкам“.
https://www.youtube.com/watch?v=1Ql42PL-_JY&feature=emb_title