Хабиб Нурмагомедов верува дека Ислам Махачев може да се справи со Дастин Пориер и Чарлс Оливеира. „Орелот“ е пријател и соборец на Махачев и најдобро ги знае неговите вештини. Тие тренираа заедно многу години и „Орелот“ има големи очекувања.
Викендов Махачев се враќа во кафезот и ќе ја предводи гала вечерта на УФЦ во Лас Вегас. Тој ќе има шанса да блесне во борба со Тијаго Мозес. Победата ќе го приближи Махачев до битка со врвен борец, а таквата борба може да му донесе шанса за титулата.
Многу луѓе очекуваат големи работи од дагестанскиот борец кој е во серија од 7 последователни победи.
„Мислам дека Ислам Махачев е малку пред сите во лесна категорија. Навистина верувам дека може да го заврши Дастин Пориер. Може е лут на мене, но навистина верувам дека Ислам ќе го заврши.
Махачев би можел да го уништи Чарлс Оливеира. Не мислам дека Чарлс може да се бори со Махачев. Потребно ни е само време без повреди“, рече Хабиб во интервју за ЕСПН.