Хабиб купува ракавици за своите соборци

Неоспорниот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов повторно покажа дека великодушноста не е нешто непознато за него.

Неговиот тренер Хавиер Мендез изјави дека „Орелот“ купува ракавици за своите соборци, а овој пат подарокот го доби Ирецот Милеш Прајс. Тој и Хабиб неколку години тренираат заедно, а Прајс доби многу критики за помагањето на Хабиб за време на подготвките за борбата со Мек Грегор минатиот октомври.

Нурмагомедов во моментов тренира напорно за да биде во топ форма за претстојната средба на УФЦ 242 со Дастин Пориер, која ќе се одржи за еден месец во Абу Даби. Хабиб им купил ракавици на Мајлс, но според Мендез, ова не е првпат Хабиб да направи ваков гест спрема своите соборци. Пред неколку месеци, Хабиб покажа дарежливост и ги плати казните што Атлетската комисија и ги изрече на него и неговите соиграчи.

https://www.instagram.com/p/B01OSLUBW0D/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON