Ѕвездата на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов ќе одлучи во која насока ќе оди неговата кариера по мечот со Џастин Гејџи.
Тие ќе се сретнат на УФЦ 254 на 24 октомври за титулата во лесна категорија. Пред мечот, Нурмагомедов призна дека сè уште не знае што го чека по оваа средба, бидејќи секогаш бара нов предизвик.
„Што ме чека ако го победам Гејџи? Многу добро прашање, навистина. Не знам. На пример, ќе го завршам Гејџи во кафезот. Што друго? Сакам да се натпреварувам. И против најдобрите во светот. Затоа сум тука. Не сум во УФЦ за да заработам пари. Имам доволно деловни проекти надвор од УФЦ, заработувам пари“, рече Орелот.
Тој јасно стави до знаење дека се уште не планира крај на кариерата и откри дека шефот на УФЦ му подготвил „нешто посебно“ по Гејџи.
„Не размислувам за откажување. Имам една или две опции. Ќе разговараме за нив по овој дуел. Дана рече дека ми подготвил нешто посебно. Но, го замолив малку да се воздржи, ајде да разговараме по Гејџи. Тој вели дека има големи планови за мене. Ќе видиме”.