Хабиб: Ќе го однесам Гејџи во океан и ќе го удавам

Хабиб Нурмагомедов го предупреди Џастин Гајџ дека ќе се задуши во нивната пресметка.

Шампионите ќе се борат за обединување на појасите во октомври на УФЦ 254 во Абу Даби. Нурмагомедов планира да се бори во уште две битки во спомен на неговиот татко, кој почина минатиот месец. „Орелот“ ќе даде се од себе за да победи на мечот.

На социјалните медиуми, Џо Роган сподели видео од тренингот на Гејџи, со подобрен став. Нурмагомедов му се придружи на видеото со коментар, изјавувајќии дека е различен од Фергусон и Пориер. Хабиб напиша дека Џастин треба да биде подготвен за сешто во кафезот, не само на бокс.

„Џастин Гејџи е многу добро момче и добар противник за мене. Кога кафезот ќе се затвори, ќе мора да биде подготвен не само на бокс. Не сум Тони или Дастин. Ќе го одведам до најдлабокиот океан и ќе го удавам со дозвола на Семоќниот“, порача Хабиб.

https://www.instagram.com/p/CDcqFhdJc7l/

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО