Хабиб ќе биде во Абу Даби за да го гледа УФЦ 294

Претседателот на ФЦ „Игл“ Шамил Завуров изјави дека Хабиб Нурмагомедов ќе присуствува на борбата меѓу Ислам Махачев и Чарлс Оливеира.

Втората борба меѓу Махачев и Оливеира ќе биде главен настан на УФЦ 294, кој ќе се одржи во октомври во Абу Даби (ОАЕ). Пред точно една година во Абу Даби Махачев успеа да го задуши Оливеира и да ја освои титулата во лесна категорија.

Сега една година подоцна ќе гледаме реванш таму каде што Ислам веќе го победи Чарлс. Завуров рече дека сите ќе бидат во Абу Даби за да го поддржат Ислам, но Хабиб ќе гледа од трибините и нема да биде во аголот на својот пријател.

„Хабиб веројатно нема да биде во аголот на Ислам. Ќе замине на подготовка, ќе гледа и ќе дава совети. Хабиб нема да биде постојано наоколу, но ќе дојде на борбата.

Да, сите ќе одиме да го поддржиме Ислам“, рече Завуров на каналот на ИГОРКАКДЕЛА на Јутјуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON