Хабиб: Ислам Махачев ќе го задави Волкановски

Поранешниот шампион во УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов (29-0) е уверен дека Ислам Махачев (23-1) ќе го победи Александар Волкановски (25-1).

Минатиот викенд во Абу Даби, Махачев го совлада Чарлс Оливеира иза да ја освои испразнетата титула во дивизијата. Волкановски влезе во кафезот и застана лице в лице со Махачев. Хабиб рече дека сака Ислам да се бори против Волкановски во Австралија во февруари 2023 година.

„Ќе има клинч. Ислам ќе го здроби Волкановски со колена, ќе му ја земе целата енергија, ќе го сруши и ќе го задави. Вака ја замислувам оваа борба“, вели Хабиб и додава:

„Секако, Волкановски е одличен боксер, има големо искуство. Колку пати ја бранеше титулата? Но, во оваа борба, тајландскиот клинч ќе го убие. Нека се подготви. Колку време има да се подготви?

Пет или шест месеци? Ислам тоа го прави веќе 20 години. Нека се подготви. Волкановски, те почитуваме, но сакаме да го заземеме твоето место брате“, изјави Нурмагомедов во интервју за ЕСПН.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON