Претседателот на УФЦ Дана Вајт откри дека Хабиб Нурмагомедов имал скршеница на ногата три недели пред УФЦ 254. „Орелот“ успеа да го задуши Џастин Гејџи во втората рунда од нивната борба во Абу Даби и остана непоразен во ММА.
Тој ја зголеми својата серија на 29-0 во кафезот и објави дека ја завршува ММА кариерата затоа што и ветил на мајка му дека повеќе нема да се бори по смртта на татко му Абдулманап Нурмагомедов. Хабиб успеа да издоминира против Гејџи и во стој и на партер.
„Каква вечер! Хабиб е најлошото копиле на планетата. Притисокот што го прави Хабиб е неверојатен. Правеше што сакаше. Не верував дека ќе го задави во втората рунда, но го направи тоа. Ова е неверојатно и тој сè уште нема изгубено рунда. Не сум разговарал со него.
Сите сме среќни што дури вечерва го гледавме по нештата низ кои помина Хабиб. Слушнав и гласини за работи што не ги знаев. Ќе ги слушнете и нив. Хабиб беше во болница со скршеница на ногата три недели пред борбата со Гејџи.
Луѓето од неговиот штаб ми рекоа дека скршил два прста и коска во ногата. Тој никому не кажал и мислам дека е еден од најтешките луѓе на земјата. Тој е број 1 во светот. Тој треба да биде најголемиот во историјата. Кој ако не Хабиб?“, рече Дана Вајт во изјавата за медиумите по настанот.