Хабиб Нурмагомедов во изминатиот период беше цел на напади на социјалните мрежи и медиумите по откажување на борбата со Тони Фергусон поради коронавирусот. „Орелот“ замина од САД набрзо откако вирусот се прошири низ Соединетите држави, а Фергусон проади тоа го навреди дека е кукавица и дека се плаши да влезе во октагонот и да се бори со него.
На тоа Хабиб одговори без влакна на јазикот.
„Престанете да зборувате за мене во период кога поважна тема е пандемијата. Сега не е време да се зборува за борби, а кога ќе дојде моето време, ќе ги скршам сите. Рамазанскиот пост завршува на 23 мај, но јас уште сега сум подготвен за борба против кого било“, одоговори Хабиб.
Враќањето на непоразениот УФЦ шампион во лесна категорија може да се случи порано од предвиденото, поточно во октомври, а противник да му биде победникот од борбата Фергусон – Гејџи, која ќе се одржи овој викенд.