Хабиб и Гејџи точни на мерењето (ВИДЕО)

Двајцата борци во главната борба на УФЦ 254 Хабиб Нурмагомедов и Џастин Геиџи успешно го минаа официјалното мерење. Шампионот и предизвикувачот „се заковаа“ на 70,3 килограми на вагата пред големата борба викендов.

Поранешниот борец на Белатор, Мајкл Чендлер исто така стапна на вагата и покажа дека е во лесна категорија. Тој ќе биде „резерва“ на Гејџи или Хабиб, ако некој од нив испадне непосредно пред битката.

Во подглавниот меч на вечерта ќе се натпреваруваат поранешниот шампион во средна категорија Роберт Витакер и Џаред Канониер. Тие беа во границата на нивната официјална категорија за мерење.

Единствените двајца борци кои не беа во категоријата се од мечевите за загревање – Алекс Оливеира и Џоел Алварез. Сè уште не е јасно дали нивните битки ќе се одржат.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО