Хабиб го сака Мек Грегор, но не во Русија

Хабиб Нурмагомедов „се разбуди“ и сега сака меч против Конор Мек Грегор. Русинот очигледно е свесен дека овој воз, откако неговото место во борбата против Тони Фергусон го зеде Кевин Ли, полека му бега. Имено, според последните изјави на Мек Грегор, а тој е оној кој одлучува против кого ќе се бори, а не УФЦ, Дијаз е негова следна станица, а не Нурмагомедов.

Во тој случај, судбината на брилијантниот Русин ќе биде сосема неизвесна. Кој ќе биде следниот за Орелот и кога? Сите големи средби некако секогаш го одминуваат.

Токму затоа Нурмагомедов одлучи во четвртокот да испрати порака до јавноста, но и на својот шеф, Дана Вајт. Подготвен да се бори против Конор и во Америка. Тоа повеќе не мора да биде Русија.

„УФЦ 219. Лас Вегас, Невада. Ајде Дана Вајт. Зошто не? Мислам дека декември е совршен датум за оваа борба. Освен тоа, веќе рече дека сака меч против мене по Мејведер“, напиша Нурмагомедов на неговиот Инстаграм.

Додуша, изјавата дека сака да се бори против Нурмагомед никогаш не излезе од устата на Мек Грегор. Тоа е реченица која на меидумите изговори Дана Вајт, која, наводно, на него му ја рекол Ирецот. Најновите информации велат дека трилогијата против Дија е она што го сака Мек Грегор. Единствениот проблем при преговорите за овој дуел може да биде астрономската сума што ја лупна Дијаз, а кој бара нов меч против ирската суперѕвезда.

https://twitter.com/SecretMovesMMA/status/901698604414459905?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Ffightsite.hr%2Frubrike%2Fufc%2Fkhabib-hoce-mcgregora-ali-ne-u-rusiji%2F

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON