Неоспорниот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов го рекламира идниот противник. Непоразениот Дагестанец чека борба соЏастин Гејџи, која УФЦ ја планира на 19 септември на УФЦ 253.
Орелот на Фејсбук изјави дека Гејџи е неговиот следен противник и ги замоли навивачите да му дадат мислење за Гејџи. Нешто подоцна, Хабиб објави видео со некои од најдобрите моменти на неговиот противник во УФЦ, а навивачите не престануваат да коментираат и да даваат совети на Хабиб за претстојниот меч.
Минатиот месец Гејџи го елиминира Тони Фергусон и ја освои привремената титула, обезбедувајќи меч за повторна средба со Нурмагомедов. Хабиб е непоразен во ММА со скор 28-0. Последен пат ја одбрани титулата во септември со победа над Пориер. Дастин има 22-2 во ММА и е во серија од четири последователни победи соо нокаут.
https://www.instagram.com/tv/CBSY4wTg-nR/?utm_source=ig_embed