Богатството на Мајк Тајсон – 9 деца, а неговата ќерка Милан е голем фан на Ѓоковиќ

Мајк Тајсон е татко на 9 деца – осум од нив биолошки, а ќерката од својата втора сопруга исто така ја смета за своја ќерка. Имињата се следни: Џина, Рајна, Амри, Д’амато, Килрејн, Мики, Лорна, Мигел Леон, Милан, Мароко и Ексодус.

За жал Ексодус починала само кога имала четири години. Тоа бил трагичен инцидент кој што се случил во 2009-та година.

Децата на Тајсон пораснале во раскош и можеле да бираат со кој да се дружат. Сепак, една работа кога станува збор за избор на пријатели го мачи Тајсон:

„Знаете што ме мачи? Морам да го кажам ова – зошто моите деца не сакаат афроамерикански деца. Мора да ме виделе кога сум бил ранет, па кажале: Еј, не сакам да бидам со некој таков. Тој е страшен“.

Тајсон се венчал три пати, а два брака му пропаднале. Робин го изневерила со познат актер, но од 2009-та година откако е со Лаких Спенсер тој целосно се сменил и ужива во својот живот.

Неговата ќерка Милан е голем фан на Новак Ѓоковиќ и со нејзиниот татко редовно ги следи неговите натпревари. Особено е интересно тоа што тие во 2018-та година се запознале, а таа разменила неколку удари со Србинот.

Од то момент Тајсон постојано зборува дека Новак ќе го освои секој еден турнир, но и дека обожува да го гледа.

„Новак е мојот фаворит во овој момент. Кога е здрав, навистина сакам да го гледам. Тој е мој фаворит поради начинот на кој што се врати од повредата и ги победуваше луѓето како Надал и Федерер, и тоа е феноменално. Тој е вистински борец“ – изјавил Тајсон.

Помалку чуден потег на Тајсон беше тоа што понуди десет милиони долари за момчето кое што ќе се венча со неговата најстара ќерка – Мики Лорна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО