Шампионот на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов и Даниел Кормиер се подготвуваат во иста сала за претстојните мечеви. ДК ќе ја брани титулата во тешка категорија против Стипе Миочиќ следниот месец, а Хабиб во септември ќе ја брани титулата во лесна категорија против Дастин Пориер.
Тие напорно тренираат, но знаат и да се забавуваат. Хавиер Мендез, кој е главен тренер во Акаски сподели видео на кое Орелот и Кормиер се расправаат и шампионот во лесна категорија реши да ги земе работите во свои раце и веднаш му направи лост на Кормиер и го натера да се предаде.
Секако, тоа беше шега, но очигледно Нурмагомедов малку се занесе, па Кормиер го предупреди дека треба да го пушти, бидејќи ќе му повреди рамото.