Хабиб го нападна Конор: Алкохоличар, не треба да му се обраќа внимание

Руската ММА ѕвезда Хабиб Нурмагомедов изјави дека Конор Мек Грегор е алкохоличар во нивната вербална војна која е во полн замав пред средбата на 6 октомври на УФЦ 229 во Лас Вегас,. Иако ова е во стилот на Мек Грегор, Нурмагомедов е далеку порезервиран. Сепак, непоразениот борец одлучи овој пат да одговори на провокациите на противничкиот камп.

„Можам да ги контролирам емоциите. Што сака нека зборува. Кога алкохоличарот ќе се напие, другите не му обрнуваат внимание на него“, рече Нурмагомедов.

„Сè едно ми е што кажува. Неговата цел е да ме изнервира, тоа е дел од борбата. Се разбира, јас сум лут, но знам дека мора да се контролирам. На прес-конференцијата, Мек Грегор изгледаше пијан. Тоа е неверојатно. Како ќе се бориш, ако употребуваш дрога и виски? Како ќе издржиш 25 минути во кафезот? Ова не е бокс, брат. Не е како борбата од дистанца со Нејт Дијаз. Тука сè ќе биде многу поинаку, а јас цело време ќе бидам близу“, рече Русинот.

Во меѓувреме, таткото на Нурмагомедов рече дека лесно ја намалува потребната тежина и се чувствува одлично.

„На графиконотд денес Хабиб требаше да тежи 76,5 килограми, но вагата покажа 75,5 кг. Нема да има проблеми до мечот да биде под 70 кг“, коментира Абдулманап Нурмагомедов.

Тој ќе мора да ја следи борбата на својот син на телевизија, бидејќи му е одбиено барањето за американска виза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON