Хабиб Нурмагомедов сака неговиот пријател и соборец Ислам Махачев да се најде на борбената карта на настанот, кој ќе го прдводи во април. Непоразениот шампион ќе ја брани титулата во април против Тони Фергусон во Бруклин и ќе побара од организацијата да најде ривал на Махачев.
Неодамна, штабот на Дагестанецот се пожали дека не можат да најдат противник за Ислам, кој е во серија победи и има само еден пораз во ММА. На својот профил на социјалните мрежи, Нурмагомедов го повика УФЦ да договори меч за неговиот пријател.
„УФЦ, што се случува околу ова момче? Пронајдете противник за Махачев, тој чека повик за УФЦ 249. Само со напорна работа и упорност“, напиша Хабиб.
Неколку часа подоцна, Махачев рече дека се во сериозни преговори за борба. Не е задоволен од името на неговиот ривал, но сепак ќе се приклучи на настанот во Бруклин, каде Хабиб ќе ја брани титулата против Фергусон.
„Добра вест, не велам дека сум среќен, но и тоа не е лошо. Во моментов работиме на договор и ќе го соппштиме противникот веднаш откако ќе го потпишеме“, напипша Махачев.