Хабиб ги започна подготовките за неговото враќање

Хабиб Нурмагомедов не си го губи времето и ги започна подготовките за враќањето, кое се очекува во септември.

Во моментов ја издржува казната од Атлетската комисија што му истекува во јуни. Дастин Пориер стана привремен шампион во категоријата по победат над Макс Холовеј и најверојатно ќе биде неговиот противник. Таткото на Хабиб, Абдулманап, сподели кратко видео од неговиот тренинг:

„Подготовките започнаа, ќе бидеме подготвени до септември. Преговорите се во тек, ќе направиме некои отстапки, но прво треба да се земапт во предвид нашите услови. Фановите мора да бидат трпеливи и ни треба нивната поддршка. Не е важно кој ќе биде противник, бидејќи никогаш не сме ги избирале ривалите и ништо не е променето и сега. А за Абу Даби, навистина би сакал да се борам таму, бидејќи можам да бидам во аголот“.

https://www.instagram.com/p/BwO6Wfqgsx9/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON