Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов ги избра најдобрите борци во историјата на слободните борби.
Непоразениот Дагестанец, кој се пензионираше на крајот на 2020 година, во кариерата извојува 29 победи, од кои 11 завршија со принуда, а осум со нокаут.
Хабиб има 15 места на својот ранкинг, а на некои смести по двајца борци.
Федор Емелијаненко и Џон Џонс се на првото место во неговиот избор, пред Жорж Сент Пјер и Андерсон Силва.
На неговата листа се најдоа и Кро Кап и најголемиот тешкаш во историјата Стипе Миочиќ.
Интересно, Хабиб Нурмагомедов не се стави во Топ 15!
My mma GOAT top 15
1) Fedor/Jones
2) GSP
3) AndersonSilva
4) DemetriousJohnson
5) DanielCormier
6) HenryCehudo
7) JoseAldo
8) KamaruUsman
9) Adesanya
10) BJPENN
11) RoyceGraice
12) Couture/Velasquez
13) Hendo/Shogun
14) CroCop/Miocic
15) Dominic Cruz/Frankie Edgar— khabib nurmagomedov (@TeamKhabib) April 12, 2023