Хабиб Нурмагомедов сака да ги види очите на својот противник Тони Фергусон, но тој никогаш не му дозволува, бидејќи носи очила. Tie ќе се борат во главната бoрба на УФЦ 249 во Њујорк во април, а веќе помина првата прес-конференција и соочувањето. Нурмагомедов сакаше неговиот противник да ги симне наочарите, но Фергусон не ја исполни неговата желба.
Хабиб стравува дека Тони повторно ќе се сопне на некој кабел, затоа што така не успеа нивната битка во 2018 година. Тогаш Тони се сопна во кабелот и мораше да биде извршена голема операција на коленото.
„Ова момче никогаш не ми ги покажува очите и секогаш има наочари. Сакав да му ги симнам, но ми рече дека ако треба сам ќе гонаправи тоа, зашто нема други такви. Сакав да му ги симнам очилата затоа што мораме да се видиме. Знаете што се случи последниот пат кога Тони носеше очила во салата. За мене битката е многу важна и се надевам дека конечно ќе се бориме.
Не сакам да зборувам за повреди, туку само да се фокусирам на мечот. Сите го познаваат Фергусон како борец и е прилично тежок. Не го познавам како човек, но тој се однесува како будала. Тоа се негови работи и нема да го збунам. Во последните неколку недели ќе тренираме напорно, но во исто време и мудро. Ќе направам спаринг и борба. Во моментов сум во најдобра форма и подготвен.
Многу луѓе зборуваат дека Тони може да ме победи и таквите работи те прават голем. Секогаш треба да се борите против противниците кои се ризични. Токму овие противници ве прават голем. Треба да се предизвикаш самиот себе. Не ми е грижа што мислат фановите за ризиците што ги преземам. Заинтересиран сум за себе и знам дека Фергусон е предизвик. Ми се допаѓа да ги тестирам најдобрите. Токму таквите битки ве испраќаат на врвот“, рече Хабиб.