Хабиб: Федор и Жорж Сент Пјер се најголемите во ММА

Хабиб Нурмагомедов долго време мечтаеше за борба со Жорж Сент Пјер, која за жал не се случи, бидејќи на УФЦ нема интерес за неа, а „Раш“ се навреди и одлучи официјално да се повлече од ММА пред неколку месеци. „Орелот“ има битка пред себе со Дастин Пориер во септември во Абу Даби, но не престанува да мисли за легендата Сент Пјер. Во интервју за ТСН, Хабиб пред некое време во Москва одлучи да зборува за средбата со легендарниот шампион во две категории претходно во Москва.

„Жорж веќе е шампион во полусредна категорија и знам дека ако се врати, неговата желба ќе биде борба во лесна категорија. Тој не е многу голем и мислам дека може да се повлече во лесна категорија. Тој е 87 килограми, а многу борци од лесна се потешки од него. Мислам дека ЖСП може да изгуби тежина и да направи страотна битка. Ќе биде од големо значење за мојата историја ако се борам и ја бранам титулата против него.

Последен пат се сретнавме во Москва. Бевме во еден хотел и на патот до мојата соба го видов него. Жорж беше во ресторанот со пријатели и му отидов зад грб и се обидов да го задавам. Поминавме добро во Москва. Вечеравме заедно, а тоа беше пред борбата со Биспинг. Се разбира дека го почитувам, бидејќи моето мислење е дека тој е најголем во историјата на УФЦ. За мене Федор Емелијаненко и Жорж се најголеми во историјата на ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON