Уште нешто повеќе од една недела до долгоочекуваниот дуел меѓу Чарлс Оливеира и Ислам Махачев за шампионскиот појас на УФЦ во лесна категорија.
Нивната борба ќе биде насловна на настанот УФЦ 280, кој ќе се одржи на 22 октомври во Абу Даби.
Лесната категорија на најголемата светска организација за ММА моментално е без шампион, бидејќи промоцијата му го одзеде појасот на Оливера пред последната борба против Џастин Гејџи. Бразилецот на мерењето имаше неколку стотици грама прекумерна тежина.
Хабиб Нурмагомедов и Хавиер Мендез во своите интервјуа постојано го фалат Ислам Махачев, а деновиве непоразениот Дагестанец и поранешен шампион во лесна категорија уште еднаш истакна дека неговиот сонародник е голем фаворит на тој меч.
„Исламот има подобри вештини од Оливеира, и многу аматерски борби. Тој е на својот врв, а има 31 година. Тоа е најдобро време за секој спортист. Ислам е подобар од Оливеира, тој е опасен и сите треба да се чуваат од него. Ислам треба да го прегази Оливеира“, нагласи Хабиб Нурмагомедов.