Хабиб е предвидлив и не знае да ја заврши борбата, Мек Грегор најверојатно ќе го прати на спиење

Не е никаква тајна дека во големата пресметка за појасот во лесна категорија меѓу Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов кој на 6 октомври го предводат УФЦ 229 секој борец ќе се потпира на своето најсилно оружје.

За Мек Грегор тое се неверојатно брзина, притисок и прецизноста во стоење, додека Нурмагомедов познат како неуморен граплер со врвна кондиција и брутален притисок на кој никој до сега не нашол одговор.

Иако е всушност невозможно да се предвиди како борбата навистина во завршницата ќе изгледа и чиј стил и тактики ќе преовладаат, петорангираниот борец во лесна категорија Кевин Ли сè повеќе е убеден дека Мек Грегор е тој кој ќе ги искористи својот талент и ќе дојде до победа.

„Мислам дека Конор најверојатно ќе го нокаутира Хабиб“, изјави Ли во едно неодамнешно интервју за радиото Сабмишн.

„Колку повеќе размислувам за тоа и како се наближува борбата, Конор најверојатно ќе го испрати на спиење. Хабиб постојано се приоѓа на ист начин. Чудовиштето е кога ќе се качи на вас, тоа го признавам. Но, не е најдобро кога треба да ја заврши борбата. Против Мајкл Џонсон дојде во ситуација практично да мора да моли: „Дај, едноставно откажи се. Не знам како да те завршам, само предај се зардаи мене“.

„Тоа мора да го прави од рунда во рунда. А некој како Конор, ако Хабиб налета на левата рака, знае дека ќе оди на спиење. Затоа, се повеќе и повеќе сум наклонет кон Конор, иако тоа не е добар меч за него. Значи, се работи за одлична борба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON