Хабиб доаѓа во Србија

Претседателот на Боксерската федерација на Србија, Ненад Боровчанин и Хабиб Нурмагомедов постигнаа договор според кој шампионот на УФЦ ќе дојде во Србија.

Хабиб ја одбрани титулата во лесна категорија на УФЦ во саботата вечерта со победата над Џастин Гејџи, но рече дека и ветил на својата мајка дека нема да се бори повторно, сега откако го загуби татко и поранешниот тренер.

„Честитки за Хабиб Нурмагомедов за сè што направил во неговата кариера, а најмногу од сè вреди да му покажеме на светот што значи да се биде голем човек! Наскоро ќе бидеме домаќини во Србија”, напиша Боровчанин на Фејсбук со снимка од разговор со „Орелот“ од Дагестан.

„Поздрав за Србија, се гледаме наскоро, кога и да рече Ненад и кога и да се договориме, јас сум подготвен да дојдам да го посетам“, рече Нурмагомедов во видео разговор со првиот човек на Боксерската асоцијација на Србија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON