Хабиб Нурмагомедов смета дека Френсис Нгану треба да го исполни договорот со УФЦ и да престане да се жали. Во последната година шампионот на организацијата во тешка категорија продолжи да негодува.
Нгану сака да добие многу повеќе пари, како и бокс меч. УФЦ направи компромис само со Конор Мек Грегор, но тој им даде половина од парите што ги заработи борејќи се со Флојд Мејведер.
Минатиот месец Нгану ја одбрани титулата во тешка категорија со победата над Сирил Гане. Ова беше последната битка од неговиот договор со УФЦ, но заштитата на појасот автоматски го обнови договорот до крајот на 2022 година.
Нурмагомедов долго време се бори под знамето на УФЦ. Во едно од неговите последни гостувања во печатот им даде совети на Нгану, како и на младите борци.
„Знам една работа. Ако сте потпишале договор, тогаш мора да го исполните. Тоа е само мое мислење. Не сум против Френсис, не сум против Дана Вајт или УФЦ.
Не знам што се случува меѓу нив, но само сакам да им дадам совет на младите борци. Кога потпишувате договор, треба внимателно да го погледнат.
Ако потпишете договор, мора да ги исполните условите од договорот. Јас сум религиозна личност, па ако си потпишал договор, тогаш мора да го исполниш“, рече Хабиб.
Доколку Нгану одбие да потпише договор, тогаш од почетокот на 2023 година ќе биде слободен агент.