Хабиб Нурмагомедов сака неговиот татко да ја гледа борбата против Конор Мек Грегор, но тоа нема да се случи, бидејќи Абдулманап нема виза и веќе неколку години го одбиваат. Ова не е единствениот случај за одбиена виза, затоа што еден од роднините на Хабиб, исто така не добива виза, како и борецот на УФЦ, Маербек Таисумов.
Хабиб е свесен дека претседателот на УФЦ Дана Вајт е многу близок пријател на американскиот претседател Доналд Трамп и побара од него да му помогне, па татко му да може да добие виза.
„Дана Вајт, те молам, прашај го Доналд Трамп да му даде виза на татко ми“.
https://www.instagram.com/p/BmRb8GLH9h6/?utm_source=ig_embed
.