Хабиб Нурмагомедов не е задоволен од односот на Дана Вајт спрема Конор Мек Грегор, кој веќе не е шампион, но се уште продолжува да се шета со појасите, дури и ги носеше на прес-конференцијата. Кога Хабиб и Мек Грегор излегоа на сцената, за да застанат лице в лице, Дана Вајт даде инструкции и рече да ги донесат појасите на Мек Грегор, нешто што воопшто не му се допадна на Хабиб и тој на интервју кај Ариел Хелвани го коментираше случајот.
„Дана им рече да ги донесат појасите на Мек Грегор и мислам дека треба да престане да му го бакнува газот на Конор. Дана има треба да престане со тоа и како може да тврди дека Мек Грегор е шампион? Не знае ли тој што се случуваше во последните 2 години? Колку пати Макс Халовеј ја одбрани титулата? Заборави ли дека му рече на Мек Грегор да се бори или да ги ослободи титулите, бидејќи лесна категорија требало да продолжи напред? Дана прашуваше каде се појасите на Мек Грегор, но не знае дека тој ги изгуби?
Тој ги изгуби и појасите и паметот. Се разбира, УФЦ сака да ме победи. Мислам дека ќе бидат среќни ако победат, но дефинитивно сакаат Мек Грегор да ме победи. Тој е одлично име и може да направи многу пари со него. Зошто им е УФЦ некој си од планините да ја победи нивната голема ѕвезда и да ја уништи неговата слава? УФЦ сака сé да продолжи со Мек Грегор и да направат многу пари и јас немам проблем со тоа. Јас не чувствувам ништо, најважен ми е 6 октомври, кога ќе се затвори кафезот и друго не ме интересира“.