Хабиб Нурмагомедов сонува да создаде 5000 работни места во следните 5 години. Поранешниот шампион на УФЦ вели дека Дагестан е многу богато место со ресурси, но од друга страна луѓето живеат многу сиромашно.
Хабиб исто така порасна во голема сиромаштија, но дава се од себе и никогаш не се откажува од своите соништа. Тоа го однесе на врвот и затоа денес „Орелот“ е милионер. Нурмагомедов инвестира во разни работи и има своја ММА организација, која веќе одржа неколку настани.
Хабиб неодамна се сретна со студенти и одговори на нивните прашања.
„Овој регион е многу богат со сите ресурси. Има локации, луѓе, земја, сончеви денови за земјоделство, море, планини и шуми.
Не знам дали знаете, но скоро целиот западен дел на Русија се напојува со електрична енергија произведена во Дагестан.
Имаме една од најголемите хидроцентрали. Дагестан е многу богат регион, но социјално живееме многу сиромашно.
Десет години е соодветен период. За тоа време можете да садите дрво, да соберете овошје, да го исечете, да го засадите повторно. Би сакал да бидам корисна личност.
Сакам да пренесам искуство и да ги направам луѓето успешни во овој живот. Во следните пет години, би сакал да отворам пет илјади работни места“, рече Хабиб за Дагестан.