Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, го повика Колби Ковингтон. Причина за тоа бил неодамнешниот конфликт во ресторанот меѓу Ковингтон и Масвидал.
Имено, Хорхе го нападнал Колби и го удрил два пати во главата при што му го скршил забот.
Полицијата го уапси Масвидал, а полицискиот извештај вели дека Ковингтон го слушнал Масвидал како вели за време на нападот:
„Не требаше да ми спомнуваш деца“.
Ова го поттикна Хабиб да се појави на социјалните мрежи, а пораката беше испратена директно до Ковингтон.
„Ако сте посилни од некој во октагонот, тоа не значи дека можете да ги навредувате неговите деца. Никој нема право да навредува нечие семејство. Откако ќе тргнете по овој пат, бидете подготвени да застанете зад вашите зборови“, напиша Хабиб и продолжи:
„Ве нападна професионален кревач на тегови и повиквате полиција? Мислам дека сите борци во полусредна категорија треба да одбијат меч против Колби и да го остават без борба. Тоа значително ќе влијае на него и на сите борци кои мислат да навредат нечие семејство“.
#ufc #FamilyFirst pic.twitter.com/dhxTq1DnXI
— khabib nurmagomedov (@TeamKhabib) March 24, 2022
Колби Ковингтон и Хорхе Масвидал порано беа најдобри пријатели, а денес се лути противници и не се поднесуваат.