Хабиб: Ако сакаат да се борам со Конор, ќе мора да ми платат (ВИДЕО

Конор Мек Грегор (21-3, 9-1 УФЦ) ги реши своите правни проблеми и се очекува да се обиде да си го врати шампионскиот појасот на УФЦ во лесна категорија против непоразениот Хабиб Нурмагомедов (26-0, 10-0 УФЦ).

29-годишниот Русин нема ништо против оваа борба, но бара фер плата. Потврди дека преговорите со Ирецот се во тек.

„Само сме на почетокот на преговорите. Не знам. Зависи до УФЦ. И од Конор. Интересна ситуација. Тие сакаат „борба за пари“, но ако сакатт борба што ќе и донесе пари мора и мене да ме платат. Нема да и дадам прилика само да го искористат моето име. Конор заработува, УФЦ заработува, а јас добивам 200.000 долари. Нема шанси“.

„Ако сакаат да се борам по сегашниот договор нека ми го дадат Дастин Пориер. Јас ќе го почитува договорот. Но, ако сакаат да го искористат моето име за да ја продадат борбата со Конор изаработат, тогаш нема шанси. Ако сакате да се борба која не носи приходи, платете ми“.

Борба против Нурмагомедов-Мек Грегор ја планираат за УФЦ 229 кој ќе се одржи на 6 октомври во Лас Вегас. Русинот испразнетата титула во категоријата до 70 килограми  ја освои во април победувајќи во Њујорк со едногласна одлука Ал Јакинта.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON