Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, верува дека Израел Адесања и Александар Волкановски ќе можат да ги одбранат титулите.
Викендов во Лас Вегас се враќаат Адесања и Волкановски. Израел ќе го предводи УФЦ 276 и ќе го брани појасот во средна категорија. Противник ќе му биде Џаред Канониер. Волкановски ќе се бори во главната борба со Макс Холовеј. Во третата битка меѓу нив ќе го брани појасот во перо категорија.
Нурмагомедов не гледа како двата шампиона ќе ги загубат титулите.
„Адесања против Канониер, мислам дека ќе биде тесна борба. Израел е чекор понапред од Џаред, ако зборуваме за класа.
Тој е побрз од Канониер, попрецизен во удари со раце и нозе. Адесања има повеќе искуство. Мислам дека 70 до 30 е соодност да ја добие оваа битка.
Што се однесува до борбата Холовеј-Волкановски, да бидам искрен, Волкановски навистина ме импресионираше со неговите неодамнешни настапи. Ми се допаѓа Макс Холовеј, ништо лично, но мислам дека Волкановски ќе ја одбрани титулата.
Тие имаат приближно исто искуство, но Волкановски почесто се бори. Мислам дека тој, како и Адесања, ќе го одбрани шампионскиот појас“, изјави Нурмагомедов во интервју за УФЦ Русија.