Гвоздик ја освои привремената титула на ВБЦ во полутешка категорија (ВИДЕО)

Олександaр Гвоздик (15-0, 12 КО) на Дан Свети Патрик боксираше на настан во Њујорк.

30-годишниот Украинец во мечот за привремен шампион на ВБЦ во полутешка категорија го надбоксира пет годишни постариот Французин Мехди Амар (34-6-2, 16 КО) – 117-111, 116-112, 118-110.

Со оваа победа, Гвоздик треба да обезбеди меч со победникот помеѓу шампионот на ВБЦ Адонис Стивенсон и Баду Џек кој ќе се одржи на 19 мај во Монтреал.

Феликс Вердехо (23-1, 15 КО) 23 секунди пред крајот на мечот во кој водеше го доживеа првиот пораз во кариерата. 24-годишниот Порториканец изненадувачки изгуби во 10-тата рунда од Антонио Лозадо Жуниор (39-2, 33 КО).

Мексиканецот во средината на рундата со лево кроше го соборува веќе здробениот Вердехо. Порторикананецот успеа да се подигне од подот и се обиде да преживее до крајот на средбата, но интервенцијата на лекарот на Спортска комисија на Њујорк ја запре борбата кога на помалку од половина минута до крајот на времето.

https://youtu.be/f1Idn6aaOFg

https://youtu.be/N9LiYwxUiag

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON