ГСП: Ако сите беа како мене, ММА ќе беше здодевен спорт!

zorz sent pjer

Поранешниот шампион во полусредна категорија на УФЦ, Жорж Сент Пјер ја коментира неговата улога во спортот и се дефинира како „добро момче“, но ако сите борци се како него, ММА би требало да биде многу здодевна. 

Тој изјави дека се радува оти има и „лоши момци“ како Конор Мек Грегор и Тито Ортиз.

„Ако зборуваме за Тито Ортиз, тој е многу добар човек. Само има такви луѓе кои, ако се борат со некого, треба да внесат емоција која ќе им даде дополнителна енергија за битката. Јас немам потреба да го правам тоа. Емоционално не паѓам. Немам потреба да мразам противникот. Не мора да манифестирам непочитување или да кажувам што и да било. Но, постојат некои борци кои го прават тоа. Тие имаат потреба од тоа. Но, тоа не значи дека се лоши луѓе.

Конор Мек Грегор е многу кул човек. Исто и Ортиз. Каел Сонен исто така. Но, тие се поинакви кога треба да се борат со некого, бидејќи внесуваат повеќе емоции, за да ја рекламираат борбата. Тоа е добро, бидејќи, ако сите беа како мене, ММА ќе беше многу здодевен спорт. Ќе беше најздодевниот спорт на светот. Ако сите беа лоши, исто така и тогаш немаше да биде добро. Ни требаат различни личности“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON