Грег Харди против Волков на УФЦ во Москва

Грег Харди ќе се сретне со Александар Волков во поднасловната борба на УФЦ во Москва. Харди ќе добие шанса да се извади за критиките на последниот меч како замена на Жуниор дош Сантос.

Веста ја објави новинарот на ЕСПН, Брет Окамото:

„Александар Волков против Грег Харди ќе биде коглавен настан во Москва. Главната борба на 9 ноември е Забит Магомедшарипов против Калвин Катар, но поради промената на борбата на неколку дена пред настанот, мечот останува во три рунди”.

Харди се бореше пред неколку дена, но неговата победа со одлука на судијиите беше поништена бидејќи користеше инхалатор на паузите меѓу рундите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON