Дејан Златичанин (22-1, 15 КО) во прва одбрана на шампионската титул на ВБЦ во лесна категорија го доживеа и првиот пораз во кариерата.
Мајки Гарсија (36-0, 30 Ко) со брутален нокаут во третата рунда во Лас Вегас стана светски шампион во трета тежнска категорија. Претходно, тој беше светски шампион во перолесна и во суперлесна категорија.
29-годишниот Американец во последната минута од третата рунда го погоди Златичанин со десен аперкат по што следеше и левиот, па десно кроше со кое го заврши мечот. Црногорецот никогаш порано во кариерата не бил ниту во нокдаун.
https://youtu.be/5BlDI9tPDLQ
https://youtu.be/9WQdU-xKMvQ