Градоначалникот на Општина Радовиш, Сашко Николов, приреди прием за џудистот на Сеишин, Ратко Костов, кој на Меѓународниот турнир „Куп на Јадранот“ воСплит, Хрватска, го освои бронзениот медал.
На натпреварот учествуваа 52 клубови од 17 држави.
„Како градоначалник сум особено задоволен што во последните години се почести се успесите на нашите спортисти од клубовите во Општината. Честитки за нашиот надежен спортист од Џудо клубот „Сенсеи“, Ратко Костов, кој исто така последните неколку години импресионира со резултатите што ги постигнува на државно и меѓународно ниво. Ратко Костов е гордост на Радовиш се надевам дека неговите успеси во кариерата ќе одат во нагорна линија, а ние како Општина секогаш ќе бидеме тука да го помогнеме.
Во оваа прилика сакам да му честитам на Ратко и неговиот тренер Наде за сите успеси кој што ги постигнува ЏК Сенсеи“, рече градоначалникот Сашко Николов.
Ipon.mk/В.Д.