Гоце, Јасин и Лулзим го одржаа првиот тренинг во Скадар (ФОТО)

Македонската боксери пристигнаа во Скадар-Албанија, и го одржаа првиот тренинг со репрезентативците на оваа соседна земја за Европското првенство за млади сениори (У-22) во  во Тргу Јиу, Романија, од 24 март до 2 април.

Во Скадар се Гоце Јанески, Лулзим Исмаили и Јасин Лама под водство на тренерот Мирко Ристевски. Тие ќе се подготвува до 21 март, потоа се враќаат во Скопје за да се одморат и подготват 1-2 дена. По малиот одмор под водство на селекторот Петар Чурлиновски и на тренерот на репрезентацијата Фатон Салиху заминуваат за Романија.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON