Меморијалниот кик бокс турнир „Миле Богатиновски-Мастиче“ во Брвеница, Тетово, ќе настапи и моментално најодбриот наш боксер, Гоце Јаневски, кој неодамна се врати од трегнинг кампот во Белгија, каде што тренер е Алија Шаќировиќ.
Главната борба е меѓу Тони Здравковиќ од Македонија и Видаи Апостолов од Бугарија во категоријата до 80 килограми. Свои борби ќе имаат и Шехо Муслимоски (70 кг), Заим Дехари (80 кг) и Стефан Јаковлевски (92 кг).
Турнирот ќе се одржи во недела во спортската сала во Брвеница со почеток од 13 часот.
ipon.mk/В.Д.