Гоце Јанески светла точка во заслужениот пораз на Пинк Пантер од Радник (ФОТО)

Во есенскиот дел од Регионлната боксерска лига Пинк Пантер прв пат се бореше пред домашната публика со екипата на Радник од Бјелина и тоа со неколку засилувања: Алмир Нуришов, Душан Стојановиќ и Петар Петровиќ. Радник сосема заслужено победи и покажа дека ќе се бори за титулата во Регионалната бокс лига.

Светла точка во домашната екипа беше Гоце Јанески кој прикажа сигурна и атрактивна борба со голема прогресија во начинот на водење на борбата. Гоце сега има скор 6-1 (односно 7-1, една доби со службен резултат – н.з.) во РБЛ и еден од најдобрите боксери.

Пофлаба и за Марко Доциќ како се бореше, во меч кој до крајот беше неизвесен.

-56 кг Фердијан Јашаров – Ален Рахимиќ 0-2 (ТКО,Р1)

Во првата минута Јашаров се најде во нокдаун по што судијата ја прекина борбата

-60 кг Алмир Нуришов – Себастијан Шаќири 0-3

Првата рунда помина во техничко испитување на силите, иако противникот се обидуваше да зададе силен удар и да го реши мечот, но Нуришов имаше добро движење. Втората рунда помина без посебни раздвижувања. Во последната рунда Шаќири на  крајот покажа поголема активност и зададе 2-3 удари. Алмир попушти, ако продолжеше со посилно темпо ќе можеше да смета на победа.

-64 кг Петар Петровиќ – Сулејман Виолат 0-2 (ТКО,Р1)

Виолат со преден лев директ го отвораше Петровиќ а со директи и аперкати го доведе два пати во нокдаун, по што судијата ја прекина борбата.

-69 кг Артан Алиу – Адем Фетаховиќ 0-2 (ТКО,Р1)

Фетаховиќ тргна силно од првата секунда, а набрзо на Алиу му бороеја. Набрзо летна крпата во рингот и мечот беше предаден.

-75 кг Гоце Јанески – Раденко Томиќ 3-0

Секако од Јанески не можеше да с еочекува нешто друго освен сигурна борба протов повисокиот противник. Неколку пати сериозно го здрма Томиќ, а еднаш се најде и на подот но тоа не беше нокдаун. Темпото и интензитетот на нападите се пренесоа и во втората рунда, при што Томиќ неколку пати се најде во незгодна ситуација, дури се обидуваше и да ја избегне борбата на валкан начин.

Јанески атакуваше и во третата рунда, судијата требаше најмалку два пати да му брои на противникот. Сепак, тоа не го обесхрабри Гоце и до крајот напаѓаше и задавше силни удари, додека Томиќ за да се спаси прибегнуваше и кон боречки зафати.

-81 кг Душан Стојановиќ – Џемал Бошњак 0-3

Бошњак силовито тргна на Стојановиќ, а во средината на рундата му броеја на боксерот на Пинк Пантер. До крајот на рундата гостинскиот боксер сигурно ја водеше борбата. Стојановиќ и во втората рунда се најде на подот откако налета на една контра на Бошњак. Гостинскиот боксер ја покажа својата класа и не дозвлуваше Стојановиќ да направи нешто посериозно. Така и во третата рунда боксираше сигурно. Не случајно Бошњак има боксирано за Милано, а сега за Реал Мадрид. Сепак, засилување на штипјани машки се бореше и не потклекна, притоа покажа дека на него може да се смета во наредните мечеви.

-91 кг Марко Доциќ – Сендро Елвир 1-2

Марко и Сендро водеа битка од дистанца во првата рунда, дури на крајот обострано разменија удари. Интересна втора рунда со наизменични серии во борбата,  при што противникот имаше недозволен удар од позади. Не се штедеа и двајцата и во третата рунда, но Сендро секогаш имаше еден удар повеќе.

 Пинк ПантерРадник 2-14

-56 кг Фердијан Јашаров – Ален Рахимиќ  0-2 (ТКО,Р1)
-60 кг Алмир Нуришов – Себастијан Шаќири 0-3
-64 кг Петар Петровиќ – Сулејман Виолат 0-2 (ТКО, Р1)
-69 кг Артан Алиу – Адем Фетаховиќ 0-2 (ТКО, Р1)
-75 кг Гоце Јанески – Раденко Томиќ 3-0
-81 кг Душан Стојановиќ – Џемал Бошњак 0-3
-91 кг Марко Доциќ – Сендро Елвир 1-2
+91 кг без претставник – Дашо Симеуновиќ

Воведни борби – деца
Петар Арсовски (Аперкат) – Стојанче Ќорпашев (Пинк Пантер)
Марио Стојановски (Аперкат) – Ване Донев (Пинк Пантер)

9.коло РБЛ
Пинк Пантер-Радник Бјелина 2-14
Лазаревац/ Металац – Сесвете 8-8
Славија – Лозница 0-16
Спартак е слободен

Табела
Лозница 10
Радник 10
Сесвете 9
Спартак 6
Лазаревац/Металац 5
Пинк Пантер 4
Салвија 2

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON