Гоце Јанески (1996) е еден од младите спортски бисери на Тетово, кој на 16-годишна возраст почнува да се занимава со бокс и станува член на БК „Аперкат“ од Скопје.
„Се распрашав со еден мој другар кој е најдобар клуб во Скопје и ми кажаа дека тоа е БК Аперкат. Заминави за Скопје и почнав да тренирам. Се префрлив да живеам во Скопје и бев сместен во интернатот „Сениќ““, раскажува Јанески за почетоците и првите чекори во боксот.
За кратко време, станува репрезентативец и ги брани боите на националниот дрес. Станува државен првак до 81 килограм, но има многу признанија и успеси од турнирите во регионот, а ги освои првите места во Подгорица, Приштина, Лесковац, Пеќ (два пати). Јанески е избран за „Јадрански бисер“ и најдобар странски боксер во Будва.
Деновиве тој се врати од боксерскиот камп на познатиот менаџер Ханс Маст во Белгија, каде што работеше под тренерски надзор на Алија Шакировиќ. Кампот го организираше професионалниот клуб Фајт Клуб 99 МТО. Иако нема боксерски настани во државава тој и неговиот клуб „Аперкат“ не мируваат.
„Во Белгија поминав одлично“, беше краткиот коментар на Гоце, за потоа да истакне дека повеќе тренирале техника.
За тоа дали има разлика меѓу нашата и нивната боксерска школа, однонсо приодот кон благирдната вештина Јнаески вели: „Нивната школа е слична на нашата. Условите се далеку подобри отколку кај нас“.
Тој тренираше ка ј тренерот Алија Шакировиќ, кој по потекло е од Скопје.
„Многу ми значеше тоа што Алија Шакировиќ е од Скопје. Така брзо воспоставивме комуникација и тренинзите одеа многу поопуштено“.
Поради неговото заминување во Белгија се засилија сомнежите дека може да ја смени средината.
„Се уште не знам дали ќе ја напуштам Македонија, но повикан сум да учествувам на бокс мечеви во Белгија“.
Од една страна е размилсувањето за заминување во Белгија, но како можна варијанта се спомнува за преселување во професионалниот бокс.
„Се надевам дека ќе направам успех на Европско првенство, па патоа ќе размислам за профи боксот“.
ipon.mk/В.Д.