Гоце Јанески од БК Аперкат го декласира противникот од Словенија, Јан Сакал, кој важи за најнадежен словенчки боксер, во категоријата до 75 килограми на турнирот од „Бенекс лигата“ во Подгорица- Црна Гора, со 2-0.
Јанески е прогласен за најдобар старнски боксер во конкуренција на боксери од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Словенија, кои настапуваа со репрезентативците. Со Словенцот Јан Сакал се прогалсени за најборбен пар.
На овој силен турнир и вториот боксер на Аперкат, Јасин Мифтар (-56 кг) прикажа одлична борба и ја крена публиката на нозе, иако изгуби на поени од Ремзо Ивковиќ од БК Раднички, а според присутните тој бил подобар.
Ако е за утеха 10 минутниот апалуз за македонските боксери е репер за прикажаниот кавлитет.
Ipon.mk/В. Д.